КОМПЈУТЕРСКИ ВОДЕНА ИМПЛАНТОЛОГИЈА

Компјутерски водената имплантологија е заокружен дигитален работен процес кој нуди:

– Оптимална прецизност и целосно предвидување: од виртуелно планирање до имедијантна темпоризација
– Прецизност и безбедност
– Ефикасен хируршки протокол
– Минимизирање на времето поминато на стоматолошкиот стол и бројот на посети
– Виртуелно планирање на случајот

Следејќи ги светските трендови во концептот за минимално инванзивна стоматологија, добивање на максимална прецизност и осигурување на максимална безбедност за пациентот, Eterna LHC ги доопреми своите лаборатории со специјална дигитална технологија која ги исполнува сите светски стандарди за квалитет, прецизност и ефикасност.

Нашиот високо трениран тим на стоматолози и забни техничари виртуелно ги планира импланто-протетските изработки, посебно потребни во моменти на имедиантни оптоварувања, тесни меѓузабни простори, беззаби вилици со проблематични алвеоларни гребени за фини естетски решенија. Сите протетски решенија кои се аплицираат на импланти се изработени по CAD/CAM и 3D PRINT технологија.

Виртуелното планирање на секој случај е од голема важност за пациентите и за стоматолог бидејќи со тоа многу се намалува процентот на грешка во работата, а за сметка на тоа се зголемува безбедноста на пациентот. Уште поважно е тоа што секој имплант што се аплицира е протетски планиран и точно се знае кој ќе биде естетскиот исход од третманот.

Повеќе информации на

Закажете термин

Со пополнување на податоците од контакт формата можете да закажете термин за преглед и/или консултација или закажете на телефоните:

+389 (0)2 30 91 470
+389 (0)78 30 91 47
Viber: 078 30 91 47

Закажете термин

Со пополнување на податоците од контакт формата можете да закажете термин за преглед и/или консултација или закажете на телефоните:

+389 (0)2 30 91 470
+389 (0)78 30 91 47
Viber: 078 30 91 47