ДИГИТАЛНА СТОМАТОЛОГИЈА
Дигиталната стоматологија подразбира употреба на стоматолошки технологии или уреди кои вклучуваат дигитални или компјутерски контролирани компоненти за извршување на забни процедури, наместо употреба на механички или електрични алатки. Употребата на дигитална стоматологија го прави спроведувањето стоматолошки процедури поефикасно отколку користењето механички средства, како за реставративни, така и за дијагностички цели.
Се користи како начин за олеснување на стоматолошките третмани и предлагање на нови софистицирани начини за задоволување на зголемените побарувања на пациентите на Eterna LHC во сите области на стоматологијата. Во нашиот секојдневен ритам на работа се имплементираат следниве дигитални технологии:
- DSD (Digital Smile Design) – дигитално дизајнирање на насмевката
- Дигитална фотографија
- Интраорални скенери
- CAD/CAM – компјутерски водена стоматологија и забна техника
- 3D Printing – печатење на физички модели на привремени забни коронки, хируршки водичи, користејќи дигитални снимки земени со интра-орални скенери
- Бирање и адаптација на нијанси и бои
- Дигитална рендгенографија
- Компјутерска томографија
- Диагнодент
- Дентални ласери
- Дентални лупи и 3Д микроскопи
Видеа
Закажете термин
Со пополнување на податоците од контакт формата можете да закажете термин за преглед и/или консултација или закажете на телефоните:
+389 (0)2 30 91 470
+389 (0)78 30 91 47
Viber: 078 30 91 47